Почна изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш

Стартуваше изградбата на правта фаза од експресниот пат Штип – Радовиш во должина од 23,5 километри. Инвестицијата од 27 милиони евра ќе обезбеди брз проток на патници, но и на стока, а токму преку оваа делница ќе се транспортираат и земјоделските производи, кои од струмичкиот и радовишкиот регион изнесуваат околу 200 милиони евра. Новиот екпсресен пат го гради фирмата Штрабаг, а има рок од три години.

Во тек е и повикот за градежните фирми за доизградба и проширување на вкупно 17 километри од овој пат. Министерот за трaнспорт и врски, Сугаревски забележа дека во источниот и југоисточниот регион во патната инфраструктура се инвестираат околу 320 милиони евра.

Официјалниот стаrт на изградбата на патот започна без лопати и панделки, а премиерот Заев кој секојдневно патува по стариот пат Штип-Радовиш од настанот си замина во правец кон родната Струмица.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ