
Почна асфалтирањето на последниот километар од патот до Попова Шапка
Министерот за економија, Крешник Бектеши со владини преставници прошетаа по последната делница од новиот пат Тетово – Попова Шапка.
Се оправдаа дека асфалтирањето на доцнело туку се работеле за два различни прооекти, дел од патот се градел со средства од меѓународни организации, а останатиот дел со државни пари.
Рече дека владата доволно прави за центарот а наредната година веќе ќе се знае и кој ќе управува со него, откако неодамна заврши правната и финансиска анализа
Хотелиерите велат дека останатата сообраќајна делница е во многу лоша состојба. Не е решен проблемот со паркинг просторот, а кучиња скитници има на секој чекор.
Моментално на центарот во пресрет на сезоната, се работи само на изградба на шестоседот.
За Попова Шапка и оваа и претходната влада ветуваат се и сешто, но центарот со децении е оставен на забот на времето.
Зоран Димовски