
Починатиот Ибрахим бил опериран во изнајмената ординација на д-р Митаноски
Oва е ординацијата на доктор Крсто Митаноски каде од хемороиди се оперирал 38 годишниот Булент Ибрахим. Заклучена е од државниот санитарен и здравствен инспекторат. Проверуваат дали во неа има санитарни услови за оперирање луѓе.
Во неа починал Ибрахим кој имал 38 години до кобната лекарска интервенција. Бил новинар и до смртта работеше во Центарот за управување со кризи. Зад себе остави двегодишно и четиригодишно дете. Дали причината за неговата смрт е сепса ќе каже стручната комисија на Министерството за здравство откако инспекторите на ДСЗИ ќе им кажат што провериле во операционата сала.
Детали најавија за следната недела.
Операцијата ја правелот лекарот со име Ѕвонко Николовски. Тој во минатото бил фатен и осуден заради неправилно работење. Сепак, никој не му ја одзел лиценцата да оперира луѓе.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кажаа дека во понеделник ќе побараат од министерот Филипче да ја формира стручната комисија. Тие ќе откријат поради што настапила смртта и ќе одлучат дали некој ќе биде казнет.
Петар Догов