Починат маж и тешко повредена жена по семејна расправија во Кочани (видео)

Семејна трагедија во Кочани, во којашто 55 годишен маж е пронајден со убодна рана на градите, а неговата 46 годишна сопруга со повреди заврши во штиспката Клиничка болница.

Утринава во полицијата се јавил нивниот 30 годишен син, кој во полициската станица пријавил дека неговиот татко  со нож ја нападнал мајка му.

Кога полицијата пристигнала во домот 55 годишниот маж го принашла со убодна рана во пределот на градите. Портпаролот на штиспка Клиничка болница Марина Шуманска информира дека жената е хоспитализирана на неврохирургија со повреди на главата и черепот и мал излив на мозокот.

Истрага на полицијата и на јавното обвинителство треба да открие што се случувало во домот на семејството, кое живее во кочанската населба Усова чешма. Засега нема детали, а во текот на денов се очекува да се добијат и првичните информации за настанот. 

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ