Почина жена од Струга од Ковид 19, матичниот и дал упат за на инфективно, охридска болница не ја примила

Не ја примале на инфективното одделение во охридската болница иако имала симтоми на Корона вирус. Резултатите од тестот и биле позитивни ги добила вчера, но рано утрово состојбата уште повеќе и се влошила и починала. Четврта жртва на корона 19, е 66 годишна жена од околината на Струга која почина под сомнителни околности. Според Министерството за здравство семејството на починатата жена на 13 март односно пред прогласувањето на кризната состојба било на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори. Откако дознале дека тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација. Подоцна се појавиле и први симтоми па преку матичниот лекар и е закажано тестирање на 24 март. Брис и е земен два дена подоцна на 26, а резултатите пристигнале после еден ден односно вчера велат од министерството.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.  Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

 Телма разговараше со диекторката на болницата во Охрид, славица малевска која не беше запознаена со случајот. Побара време да разговара со докторите од инфективната клиника за да се утврди дали навистина и покрај тоа што требало да биде хоспитализирана, жената не ја примиле в болница. Министерот Венко Филипче денеска пак за прв пат одткако започна корона кризата нема да ја одржи редовната прес конференција. Од министерството во соопштението уште напишале дека  жената имала и срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок. Инаку таа е една од 22 нови случаи регистрирани во текот на минатото денонокие на ниво на цела земја. Нови случаи има девет во Скопје, Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), и нов град кој е на мапата  со заболени е Битола, во кој е регистрирано еден случај.  Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани во земјава е  241 лице. Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19.

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ