Почина сликарот и активист Мирослав Стојановиќ- Шуки

Во 54 година од животот, ненадејно почина сликарот, мултимедијален уметник и активист, Мирослав Стојановиќ- Шуки. Ќе остане запаметен по уникатниот хумор, и по делата, работени во различни медиуми , во кои даде оригиналeн приказ на сфаќањето за човековото постоење и смислата на животот. Стојановиќ дипломира 1990 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Ристо Калчевски.

Во својата кратка , но плодна кариера тој реализира повеќе самостојни изложби во Македонија, а учествуваше и на групни претставувања во Холандија, Унгарија , Турција, Русија и во други земји. Беше дел од уметничката група Зеро и долгогодишен член на Извршниот комитет на невладината Цивил, каде работеше и како директор на „ Цивил Арт“,  единица за општествено – политички одговорна и критичка уметност и култура.

По повод смртта на Мирослав Стојановиќ, во „ Цивил“ денеска напладне беше отворена книга на жалоста. Од таму информираат дека погребот ќе се одржи во Ниш, родниот град на Стојановиќ, а датумот и времето на погребот и на комеморацијата по повод неговата смрт, ќе бидат соопштени дополнително.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ