
Почина професор д-р Љупчо Меловски, доајен на еколошката наука во Македонија
На 29.04.2019 година на 60-годишна возраст почина д-р Љупчо Меловски, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Професорот Меловски беше доајен на еколошката наука во Македонија, долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, пасиониран ботаничар, борец за заштита на природата и учител на стотици млади истражувачи и еколози.
Погребот ќе се одржи на Градските гробишта во Бутел, во четврток на 02 мај 2019 година во 13 часот.