
Двајца починати. 63-годишен Охриѓанец и пациент од Куманово. Заразено двегодишно дете се лекува на клиниките- 72-ца новозаболени. Вкупно 555
За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14
Првичните инфорамции кои на денешниот брифинг со новинари ги откри епидемиологот д-р Жарко Караџовски се дека еден пациент од Охрид починал од корона, додека на клиниките денеска е хоспиталзиирани 2-годишно дете. Офицајлно здравствената состојба на детето е стабилна, но било во контакт со лекари педијатри.