
27 годишната родилка најмлада жртва на Ковид-19 во земјава
Попладнево почина 27 годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. На 30 март се породи пред време на Клиниката за гинекологија Скопје а нејзиниот син е негативен на вирусот и се уште е на интензивна нега. Таа е најмлада жртва на Корона вирусот а состојбата и се вложи ден по породувањето.
Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален. Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката, велат од Министерството за здравство.
Вчера министерот за здравство извести дека и е влошена клиничката слика а само ден претходно од корона вирусот почина и нејзиниот свекор.
73 годишен кумановец починал на инфективната клиника а за 44 годишен маж постмортем е утврдено дека бил болен од Ковид-19. Станува збор за албански државјанин кој привремено престојувал во Кавадарци а беше пронајден мртов на 5-ти април во станот каде бил под кирија и посмртно му беше земен брис.
Од Инфективна денеска си заминуваат петмина оздравени пациенти со два негативни теста а нови четворица се примени и бројката на хоспитализирани е 66 од кои 7 на механичка вентилција.
Оздравеле и двајца штипјани кои биле на домашно лекување и со лесна форма на болеста.
Од направени 351 тест, бројката на новодијагностицирани е 18. Во Скопје има 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Крушево и Кочани по 1.
Вкупната бројка на заразени во земјава е 617 на 30 починати и 37 излечени. Најмногу од заболените се од Скопје 261, Куманово – 130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38 ,Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10 и во уште 10 града под 10 заболени.
Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови сомнителни пациенти на коронавирус, или вкупно до сега 26. Во болницата во Штип нема нови примени пациенти и во моментов се хоспитализирани 4 пациенти. Толку пацинети има и во битолската болница кде нема нови примени денеска.
Според информациите на Телма се уште не се готови резулататите од тестираните 60тина здравствени работници од Куманово. Досега вкупно во земјава биле направени 6230 тестирања на Ковид-19.
Министерот за здравство Филипче денеска не одржа прес конфереција.
Елена Ивановска Мукоска