
Почина драматургот Горан Стефановски
Ненадејно вечерва во Велика Британија поочина познатиот македонски драматург Горан Стефановски.
Тој беше автор на „Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижниете награди: „Стале Попов“
„11 Октомври“, двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата
„Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.
Меѓу другото ќе остане и запаметен по репликите од “Дупло дно: „Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“, но и по онаа од „Тетовирани души”: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“
Горан Стефановски имаше 66 години.