
Почина академик Блаже Ристовски
Академик Блаже Ристовски, истакнат македонски книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар, и потпреседател на првата Влада на независна Македонија од 1991 , почина синоќа во Скопје на 87 години, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Тој е уредник на првата Македонска енциклопедија во издание на МАНУ. Со научна дејност започнал да се занимава уште по запишувањето на студиите, а првиот истражувачки труд го објавува во тогашниот орган на Катедрата за јужнословенски јазици – Македонски јазик. Во 1988 бил избран за дописен член на МАНУ, а во 1996 за редовен член.
Комеморацијата по повод смртта на академик Ристовски во МАНУ е закажана за утре во 10, 30 часот, а погребот е во 13 часот на Градските гробишта „Бутел“.