Почина 23 годишен притвореник во затворот во Шутка

Почина 23 годишен притвореник од Гостивар во затворот во Шутка.

Ова за Телма го потврди директорт на затворот, Есад Рахиќ, кој вели дека претпладнето момчето било на редовна прошетка во дворот од затворот.

Кога се вратил во ќелијата, неговиот цимер имал посета од затворските стражари кои разговарале и со момчето и немало ништо сомнително ниту пак тој се пожалил на здравствени проблеми.

Во 16 часот биле повторно повикани откако притвореникот не можел да се разбуди од спиење.

Рахиќ ги демантира дел од објавите во некои медиуми, кои го поврзуваат со случајот од пред една недела кога исто така почина притвореник а подоцна се утврди дека бил позитивен на корона вирус.

Вели дека телото е предадено на обдукција и очекува таа да ги открие причините за смртта.

Инаку, во затворот се правени брзи тестови и на вработени и на притвореници кои би можеле да бидат во некаква комуникација со претходно починатиот и засега нема ниту еден позитивен на Ковид 19.

Починатото момче било во притвор од 18-ти декември.

Ваквите информации во вечерашната Топ Тема ги потврди и директорот на ЈЗУ од Здравствениот дом во Скопје, Виктор Исјановски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ