Почина 15 годишното момче кое беше прегазено на булеварот во Штип

Петнаестгодишниот штипски средношколец Мустафа Седат им подлегна повредите, откако пред 12 дена беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ од страна на 68 годишен возач, кој не запрел на преминот, по што околу 15 метри го влечел по булеварот. Момчето попладнево е погребано на гробиштата во селото Радање. Потресните слики пред училиштето и изјавите на средношколците дека на овој булевар се вози како на автопат, а не со брзина од 50 километри на час ги крена на нозе и родителите.

Преку социјалните мрежи се организираа на мирен протест на пешачките премини пред училиштето, а на  средбата со локалната власт им беше ветено дека со изградбата на кружниот тек и поставување на дополнителна сигнализација и вибрациони ленти ќе се зголеми безбедноста на средношколците.

По оваа трагедија во Штип по неколку години на улиците пред училиштата се враќаат лежечките полицајци. Надлежните од Основното јавно обвинителство во Штип информираат дека ги чекаат извештаите од лекарите и вештачењето од несреќата, по комплетирање на предметот ќе почне и постапката против 68 годишниот возач, кој го прегази средношколецот, кој го поминуваше преминот на големиот училишен одмор.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ