Победа на Македонија над фаворизираната Словенија

Македонската ракометна репрезентација имаше победнички старт на ЕП во Хрватска и тоа над носителот на бронзен медал од последниот Светски шампионат. Во првото коло од групата Ц, Македонија со 25-24 ја совлада фаворизирана селекција на Селекција и за прв пат во настапите на ЕП стартуваше со триумф.

Дебито на континетналните превентва за селекторот Раул Гонзалес беше исклучително а македонскиот состав се покажа во сосема поинакво светло од последниот официјален меч со Словенците, одигран 2017-та на мундијалот во Франција.

Борбата на теренот почна од првата минута со очекувано цврста игра во одбрана. Почетното водтство,Словенија го издигна до три гола разлика, што ја одржуваше со голманскиот перформас на Скок.

Замената на последната позиција во одбрната на Македонија, Никола Митревски го најави пресвртот. Тој запре седум удари на противникот и во последните три минути од првиот дел, Македонија со серија од 3-0 ја неутрализираше предноста на Словенија за 11-11, која продолжи во второто полувреме за пресврт од 15-11.

Следеше период на составот што го предводи Веселин Вујовиќ. Словенија изедначи на 15 минути до крајот а со головите на Благотиншек и Јанц успеваше и да одржува минимално водство.

Прецизноста на Манасков во финишот, важните одбрани на Ристовски ја фрлија во очај клупата на Словенија а финалето во офанзива им припадна на браќата Лазарови кои ја крунисаа тимската игра на Македонија. Капитенот Кире погоди за 24-24 а левиот бек Филип Лазаров го постигна последниот, победнички гол во 57 минута. Одбрана ги издржа завршните налети на противничките ракометари кои фрустрацијата и немоќтта ја демонстрираа со груб прекршок врз Миркуловски.

Тактичкото изненадување на Гонзлес успеа, Стоилов, Миркуловски,Марковски, Јоновски, Талески издржаа жестоки дуели а удел имаа и Геогриевски, Прибак и Пешевски.

„Првите 15 минути не игравме добро, направивме многу грешки во нападот, промашивме ситуации
еден на еден со голманот, кога играте така треба да знаете дека Словенија игра многу добри контри. Но потоа се поправивме, одбраната беше одлична,
голманите одиграа добро. Во второто полувреме направивме разлика од 4-5 голови но имавме многу исклучувања, игравме со тројца играчи на теренот“, изјави селекторот Гонзалез.

Најефикасен во нашиот тим беше Манасков со 8 голови, Кире Лазаров запиша 7. На голот Митревски запре 9 удари на Словенија, Ристовски 4. Во следното второ коло, утре од 20:30 Македонија игра со Црна Гора која на воведниот дуел од Ц групата беше надиграна од Германија. Бранителот на Европскиот трон победи со 32-19.

Стево Костовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ