Побарана е легализација за платформите на Матка

Пет дена е рокот во кој Општина Сарај ќе мора да постапи откако ќе го добие барањето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да излезе на терен во Кањонот Матка и да достави извештај за статусот на поставените платформи. Од инспекторатот потврдија дека барањето било испратено вчера но без одговор зошто откако се прогласија за ненадлежни сепак одлучија да постапат по барањето на министерството за транспорт и врски и децидната изјава на министерот Сугаревски.

Општина Сарај  без конкретен одговор дали барањето пристигнало и што ќе превземат околку трите платформи кои се поставени во заштитената зона, но оттаму пак информираат дека за трите платформи за кои градоначалникот Беџети потврди дека се дивоградби се поднесени барања за легализација без да прецизираат дали се започнати и постапките. Оттаму со најава дека извештај и заклучоци ќе бидат испратени до државниот инспекторат.

Ние сме во постојана комуникација со надлежните органи. Можам да потврдам дека се поднесени барања за легализација на трите платформи. Јас стојам на ставот дека ќе се обидам да најдам правно решение со кое пред се ќе се зачува природата на Матка, а објектите да се водат како урбана опрема за да се спречи евентуална злоупотреба

Тој апелираше медиумите да известуваат внимателно за да не се наштети на угледот и природата на Кањонот Матка.

Засега остануваат две опции, платформите да останат и да се легализираат или да се одземат ингеренциите на Општина Сарај. Тоа ќе зависи од извештајот кој ќе биде доставен до државниот инспектрат. Доколку во него е наведено дека е во тек постапка за легализација, инспекторатот не може да превземе ништо додека трае постапката. Доколку како заклучок е наведено дека станува збор за дивоградби за кои не се води постапка за легализација, ќе му предложат на министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општината.

 

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ