По сторијата на Телма, ќе се дислоцира стовариштето од пред куќата на Цветкови

Семејството Цветкови од селото Теранци во Општината Чешиново-Облешево конечно ќе има мирен живот, откако пред пет месеци на три метри од нивната куќа беше отворено стовариште за песок. По сторијата на Телма комуналниот инспектор и градоначалникот, Горанчо Крстев утринава излегле на терен. Донесена е одлука под итно да се затвори стовариштето за песок на локалната градежна фирма на оваа локација.

  • Градежната компанија мора да најде локација за своето стоварише, но таа да биде надвор од селото, за да не им прече и на семејството Цветкови, но и на останатите жители. Категорично тврдам дека на фирмата немам издадено дозвола да работи на оваа локација. Тоа може да се види и во општинската документација, вели Горанчо Крстев градоначалник на Чешиново-Облешево.

 Пред два дена брачниот пар Цветкови пред камерата на Телма говореа дека речиси половина година домот им бил затворска ќелија, поради бучавата од камионите, но и прашината, која се кревала по преработка на песокот.

По денешниов увид од локалната власт на компанијата и е даден рок од еден ден да ги дислоцира машините и песокот надвор од селото Теранци.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ