
По Спасовски и Царовска, Шеќеринска на промотивно видео одговара на 30 прашања
Доколку не беше политичар, Радмила Шеќеринска ќе беше учителка.
Така вели самата за себе, опишувајќи се како брза, упорна и мултитаскинг.
Од опозициските политичари најмногу го цени Зоран Ставревски, и се восхитува на Елизабета Прва, а најмногу се гордее со членството во НАТО. Ова се дел од одговорите на 30-те прашања, претходно поставени во истиот стил, на Оливер Спасовски и на Мила Царовска.