По шест години изградба автопатската делница Демир Капија – Смоквица пуштена во употреба

Автопатската делница Демир Капија – Смоквица, по шест години изградба, ќе биде пуштена во употреба денеска, со што се добива целосно автопатско решение долж Коридорот 10 на  територијата на македонија.

Новите 28,2 километри автопат од Демир Капија до Смоквица ја чинат државата 270 милиони евра. На автопатот треба да има и две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија кои се очекува да бидат завршени за околу осум месеци.

Автопатската делница ја градеше грчката компанија „Актор“, која беше избрана како најповолен понудувач на тендерот во 2011 година, на кој во потесниот избор беа и италијанскиот конзорциум „Тодини“ и турската „Мапа“.

СЈО минатиот месец објави дека отвора истрага за фаворизирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, иако подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“. Покрај тоа, во „Актор“ има сомненија и за перење пари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ