
(видео) По седум часа расправа, обвинителите одлучија во четврток да одлучат за Јанева
По седум часа расправа, Советот на обвинители одлучи четврток да е денот кога ќе донесат одлука дали специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде разрешена од функцијата. Претседателот на Советот, Коле Штерјев, рече дека поради обемноста на материјалот и доказите кои ги дало обвинителството, денеска само ги читале и немале време да донесат одлука.