
По осум месеци притвор во Грција, Панки пуштен на слобода
Сашо Каимовски – „Панки“ (52) е пуштен на слобода по седум месеци минати во притвор во грција. Тој беше уапсен во март годинава на граничниот премин „Евзони“ при влез во грција.
Грчките власти тогаш соопштија дека Каимовски е уапсен врз основа на распишана потерница од Интерпол а на барање на Германија.
Германски истражни органи го посочија
Каимовски како член на меѓународна криминална група која крадела податоци од
кредитни картички со поставување на т.н. „скимери” на банкомати.
Според деталите од потерницата, таој во 2006 година поставил „скимери“ на два
банкомати во Минхен и потоа со украдените податоци а заедно со други членови на
криминалната група подигнале околу 1,3 милиони евра од банкарските сметки на
жртвите. Парите биле подигани од банкомати во повеќе земји од Унијата и во Македонија.
Затоа Каимовски беше уапсен и во 2008 година, исто така во Грција, за истото дело.