По над 10 илјади патници дневно влегуваат преку Блаце и Табановце откако се отворија границите

И по десет пати повеќе патници од времето на карантинот влегуваат во државата од Србија и Косово откако Македонија ги отвори границите на 26-ти јуни.

Бројките на МВР покажуваат дека за 4 дена преку Табановце влегле 22 илјади патници. Претходно кога беа затворени границите, преку нив беа пропуштани само камионџии или специјални транспорти и дневно влегуваа не повеќе од 500 возачи.

За 4 дена преку Табановце во двата правци поминале над 22 илјади патници. За излез е забележана помала бројка односно излегле 18.155 луѓе или дневно во просек 4.539.

И преминот кон Косово, Блаце, бележи големи бројки и десетпати поголеми од времето кога беа затворени границите.

За 4 дена во два правци минале над 38 илјади граѓани, повеќе влегле 19.941 или 4.985 дневно. Од Македонија кон Косово преку Блаце од 26-ти јуни заминале 18.409 патници.

ГП Табановце (Србија)

Вкупно 40.259 патници (10.065 на ден)

Влез 22.104 патници (5.526 дневно)

Излез 18.155 патници (4.539 дневно)

 

ГП Блаце (Косово)

Вкупно 38.350 патници (9.588 дневно)

Влез 19.941 патници (4.985 дневно)

Излез 18.409 патници (4.602 дневно)

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ