По Мијалков, и Тодоров исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Центар и Карпош експресно ги исклучија од партијата Сашо Мијалков и Никола Тодоров, откако за тоа беше донесена едногласна одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот директор на УБК, Мијалков воопшто не бил повикан да се брани, а на седницата на општинскиот комитет било одлучено дека нема потреба тој да присуствува и одлуката е донесена во негово отсуство.

Поранешниот министер за здравство, Тодоров, добил шанса да го каже својот став зошто е погрешна и избрзана одлуката на Централниот комитет за негово исклучување, но тоа и не му помогна пред дисциплинската комисија во Општинскиот комитет во Карпош. Одлуката за негово исклучување била едногласна.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ