
По Хан и ЕК бара објаснување од Унгарија за азилот на Груевски
Не можете да избегате од владеењето на правото, ова е ставот на Европската комисија за бегството и азилот на Никола Груевски во Унгарија, но таа не сака да ја коментира одлуката на унгарскиот суд за одобрениот заил на поранешниот премиер на Македонија.
Не можете да избегате од владеењето на правото. И како наша земја-членка, како земја-кандидат за членство, го штитат владеењето на правото. Ова е одлука на судија, ние не коментираме судии. Ова е судски процес. Но како што комесарот Хан кажа вчера и Комисијата се согласува со комесарот Хан дека дури и ваков вид на одлуки треба да се објаснат, изјави Маргаритис Шинас, портпаролот на ЕК.
Европската комисија потврди дека го добила писмото од европратеникот Бенедек Јавор во кој тој бара одговор од еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулост за легалноста на одлуката за азил на Унгарија. Според Јавор, оваа одлука е спротивна на директива на Унијата од 2011 година. Комисијата денеска не даде конкретен одговор дали Груевски со азилот од Унгарија може да патува низ другите земји од ЕУ, бидејќи се уште не добила информации за статусот кој му е одобрен.
Со статус на бегалец Груевски ќе може за пет години слободно да работи и живее во која било земја на Унијата, а доколку добил супсидијарна заштита, тој статус во принцип е лимитиран во времето, а неговата слобода на движење во остатокот од земјите на ЕУ е ограничена.
За азилот на Греувски се огласи и американскиот Стејт департмент од каде, за унгарскиот весникот „Непзава“ го повторуваат ставот дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години по темелен и транспарентен судски процес
Против Груевски се водат четири кривични постапки и оти е потребно тие да продолжат во македонскиот правосуден систем, се наведува во соопштението од Стејс департментот.
За унгарскиот Хелсиншки комитет за човекови права влезот на Груевски во Унгарија сè уште е спорен, наведувајќи дејка според законите, унгарските власти може да дозволат пристап до територијата на Унгарија со посебна дозвола, но дека досега немало случај дозволата ја издава унгарската амбасада за лицето да може да аплицира за азил.
Унгарските медиуми во меѓувреме повикувајќи се на анонимни разузнавачки извори, наведуваат дека Русија го координрала, а Унгарија и Србија ја спровеле испоераката на Груевски во Будимпешта. Според весникот „ХВГ“, тоа не би било можно доколку за тоа не занеле високите носители на одлуките во овие земји.
Груевски осамна на насловната страница на водечкиот економски и политичи магазин „ХВГ“ со фотографија на која носи маичка на која пишува:
„Ја сакам Унгарија“ со отклучени лисици, како пародија на азилот кој го доби во земјата. Фотографија се најде и како реклама-постер на унгарските улици.
Тамара Грнчароска