По бурните реакции во јавноста, Заев дообјаснува: зборот “педер” го употребив како карактерна особина а не сексуална припадност

Премиерот Зоран Заев вечерва преку твитер се обиде да ја дообјасни својата вечерашна изјава во која порача дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и педер, да ја урнат владата.

Тој тврди дека зборот “педер” го искористил за да даде карактерна особина а не да означи сексуална припадност.

“ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и до сега” –  твитна Заев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ