
По 9 часа битка со Охридското езеро 12-годишниот Марко стана најмладиот маратонец
Ги занемари здравствените проблеми и неповолните времемсни услови кои го пречекаа рано утрово во Свети Наум, се избори со сите предизвици и кризи и успеа на само 12 години да го преплива Охридското Езеро. По речиси 9 часа битка со езерото, Марко пристигна на целта кај градското пристаниште, расположен, но и гладен.
Успехот на Марко е дотолку поголем ако се има предвид дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети. Тоа не беше пречка да го оствари својот голем сон, да го преплива Охридското Езеро, кое денеска не беше пријателски расположено.
Марко е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро, што уште отсега со сврстува во листата на великани на пливачкиот спорт, дотолку повеќе што ваков подвиг охриѓанец нема направено половина век.
На целта Марко беше пречекан од многубројна публика и семејството. Емоциите не можеа да се сокријат, а градот веќе го прогласи за херој.
Марко Пејчиноски за подвигот се подготвуваше една година. Тој денеска покажа неверојатна сила, волја и решителност докажувајќи уште еднаш дека границите на човечките можнисти навистина се големи.
Горан Момироски