
По 50 години Центарци добија ново основно училиште
По 50 години Центарци добија ново основно училиште – „Киро Глигоров“. Ова училиште денес широко ги отвори вратите за 500 ученици, а е прво во државата кое има Дневен центар за деца со церебрална парализа.
Првиот човек на министерството за образование , Арбер Адеми изјави дека примерот на општина Центар треба да го следат и останатите општини.
Името на училиштето Киро Глигоров, според првиот претседател на држвава е избор на граѓаните преку анкета, по што согласност дал и Советот на општината.
Теодора Цветковска