По 40 години – нов асфалт на патот Штип – Радовиш

Во земјава се врши рехабилитација на над 400 километри од регионалните и магистрални патишта, еден од нив е и патот Штип-Радовиш, каде што по речиси 40 години се става нов асфалт.

Реконструкцијата ќе чини 2.400.000 евра, а треба да заврши до Август, кога и фирмата Штрабаг треба да го стави и првиот слој на асфалт на новиот ексресен пат Штип-Радовиш.

Новиот археолошки локалитет кој беше откриен на екпсресниот пат Штип-Кочани, кај селото Жиганци  нема да го забави градењето на втората фаза, смета првиот човек на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

На оваа делница се работи и на решавање на проблемот со цевките за наводнување, кои беа уништени од компанijата која ги извршува градежните работи.  Оштетените цевки без вода за наводнување ги оставија нивите од штипскиот и овчеполскиот регион.

 

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ