По 4 години, Обвинителството со предистрага за тоа кој го објави видеото за „Поткуп“

Оддавање на службена тајна. Ова кривично дело било сторено кога снимката со Зоран Заев протекла во јавност се сомнева обвинителството. Започна предистрага за видеото попознато како „едно евро за црквата едно за Вицето“. Било снимано како посебна истражна мерка во истрагата отворена во 2014 та за екс градоначалникот на Струмица Зоран Заев, но некој јавно објавил.

Вчера на разговор ги повика четворицата полициски службеници кои пред пет години ја спровеле посебната истражна мерка – тајно снимање во кабинетот на тогашниот градоначалник. Обвинителството за гонење на организиран криминал соопшти дека 4-цата полицајци се повикани, дале исказ и им се одземени мобилните телефони. Но најавува дека ќе повика уште сведоци на распит. И покрај тоа што делови од видеото беа објавени уште во мај 2015 тата година сега предметот е отворен бидејќи во јануари годинава на интернет портали беше објавена целосната снимка од тајното снимање. Обвинителството смета дека е сторено дело оддавање на службена тајна бидејќи посебните истражни мерки се заштитени како строго доверливи информации.

  • Надлежниот обвинител ги повика лицата што во времето на спроведување на мерката биле одговорни за истата, ги сослуша и им ги одзеде мобилните телефони. Донесена е Наредба за вештачење на четирите одземени телефони, а воедно во наредниот период ќе бидат повикани и други лица во насока на расветлување како е дојдено снимката да биде објавена во медиуми, соопштија од Обвинителтво за гонење организиран криминал и корупција

 Инаку снимката која во јануари беше постирана на интернет, беше изведена како доказ без присуство на јавноста, но потоа обвинителството го префрли случајот од обвинение во обвинителен предлог и снимките не беа потребни како доказ. Судот на крај го ослободи Заев. Никогаш не беше откриено, ниту истражувано кој ги објави тие измонтирани снимки.

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ