По 20 години морбилите се вратија во Штип

Хигиеничарка од кочанска педијатрија е потврден случај на морбили. Здравствените установи чекаат потврда и за уште една медицинска сестра од оваа одделение. Двете имале контакт со заразен пациент. Хигиеничарката сега е хоспитализирана на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

Во Кочани претходно од морибили се зарази дете со церебрална парализа, а имаат уште еден сомнителен случај, станува збор за тинејџер. Морбилите се шират, а по две децении се појавија и во Штип. На инфективното одделение примено е две годишно дете со симптоми, се чекаат резултатите за да се потврди и овој случај. Лекарите сметаат дека детето најверојатно се заразило во здравствена установа во Скопје, бидејќи било со претходнат историја на болест. Лекарите велат анализите покажуваат дека  над  80 % од децата до пет години се имунизирани во Штип и Карбинци.

Во штипскиот регион децата од прво до деветто одделение со вакцинација се опфатени со околу 98,5 %, што е и добра бројка. Но, лекарите забележуваат дека  оние еден и пол процент, кои не се имунизирани во овој случај  се ризични не само за себе, туку и за останатите околу нив.

 

Викторија Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ