По 2.000 евра казна за 30 лица во Скопје за кршење на полицискиот час

Триесет лица ќе бидат казнети за прекршување на полицискиот час во текот на викендот. Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави 28 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 30 лица. Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежните јавни обвинители му предложија на судот на обвинетите да им изрече парични казни од 2.000 евра.​

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ