По 12 часа заврши рочиштето за Крвавиот четврток

По 12 часа во Кривичниот суд заврши рочиштето за насилствата во Собранието коишто се случија на 27 април минатата година.

Денеска како сведоци пред судот беа сослушани министерот Дамјан Манчевски и пратениците Фросина Ременски и Павле Богоевски.

Богоевски побара судот конечно да ја лоцира одговорноста.

Ременски во исказот пред судот кажа дека била приморана да лаже дека била бремена за да се спаси од насилствата.

Додека пак Манчевски рече дека успеал му го откупил чадорот на насилникот за 1000 денари.

Свое сведочење даде и поранешниот генерал Николовски, кој рече дека станувало збор за саботажа.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ