Пломп: Холандија ќе продолжи да ѝ биде пријател на Македонија

Борис, ти благодарам за ова јавување, со детали те очекуваме и во наредното издание на вестите…

Холандија отсекогаш била и ќе продолжи да биде пријател и партнер на Македонија и да ја поддржува нејзината евро-атлантската интеграција врз основа на строг и правичен пристап, изјави холандскиот амбасадор Ваутер Пломп за „Макфакс“ како одговор на прашањето да се појасни ставот на оваа земја членка на Европската Унија, во врска со позицијата на Македонија за преговорите за влез во Унијата, откако во јавноста беше објавен нон пејпер документот на кој се потпишани Холандија, Франција и Данска.

„Го забележуваме напредокот кој македонските институции во текот на изминатата година го направија во спроведувањето на реформите, меѓу другото и во областа на владеење на правото. Во овој момент е важно да се види понатамошно одржување и продлабочување на овие реформи преку континуирано спроведување на новото законодавство. На 26 јуни Советот за општи работи на Европската унија ќе решава за препораката на Европската комисија за почеток на преговорите“, се вели во писмениот одговор од холандскиот амбасадор.

Тој додава дека Холандија ги следи, како што вели, интензивираните преговори со Грција за решавање на прашањето со името и дека искрено се надева дека наскоро ќе биде постигнато взаемно прифатлив договор.

Предходно и францускиот амбасадор со Скопје Тимоние, изјави дека заклучоците за Македонија изнесени во „нон пејпер“ документот не се конечни.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ