
Платите на белите мантили скокнаа за 5%, но и давачките за паркинг скокнаа за 120%
Платите на белите мантили скокнаа за 5%, но скокнаа и нивните давачки за паркинг, за повеќе од 120%.
Скопскиот градоначалник вчера најави дека вработените на Клинички ќе плаќаат поскап паркинг и со тоа ги разгневи.
Шилегов е убеден дека само така ќе го регулира сообраќајниот хаос во кругот на болницата.
Но, тоа ги натера вработените на Клинички, изреволтирани и навредени да излезат на протест.
Паузата од работа ја потрошија собрани во дворот на клиниките. Преку транспаренти покажаа што мислат за одлуката на Градот која дополнително ќе ги удри по џебот.
Наместо досегашните 300 денари, вработените на Клинички ќе плаќаат 800 денари за паркинг, објави вчера градоначалникот Петре Шилегов.
Тој објасни дека се издаваат 1500 месечни карти за паркингот кој има 670 слободни места.
Од Градот Скопје останаа на одлуката за поскапување и покрај негодувањето на медицинските работници.
Од друга страна, вработените на Клинички се заканија дека ќе се радикализираат ако ги тераат да плаќаат повеќе пари за паркирање.
Петар Догов