Платежните картички создадоа редови пред банките

Без одржување на дистанца, а некои и без маски. Граѓаните кои се најдоа на владиниот список дека се дел од 325.000 лица  кои ќе добијат платежни картички од 9.000 или 3.000 денари ги окупираа банките. Реловтирани велат ред чекаат со часови за да си ја подигнат картичката и не важат термините кои ги добиле од банката преку порака.

 Од Македонската банкарска асоцијација велат дека секоја банка има свои протоки како ќе ги дели картичките на граѓаните. Тие кои се испечатени, граѓаните ќе може да ги добијат или на домашна адреса или ќе бидат контактирани од банката кој ден и во колку часот да ја подигнат од експозитура која е наменета само за издавање на платежните картички.

Гужвите настануваат од клиентите што немаат термин, а доаѓаат да се информираат за проектот – домашна платежна картичка без да одат на определената веб страна и да проверат дали се корисници на домашна платежна картичка и доколку се од која банка, како и од граѓаните кои немаат доделен терминот, а доаѓаат во банките за подигнувње на картичката. –велат од МБА

Речиси 28 милиони евра за платежните картички перед неколку денови легнаа на сметките на банките. Но, граѓаните парите ќе ги имаат по неколку денови откако ќе ја подигнат картичката. Парите ќе може да ги трошат за купување на домашни производи до 15 август. До сега банките доставиле над 50 илјади картички од вкупно 325.000 кои треба да бидат готови максимум до 18 јули.

Денеска заврши и рокот за приговори. Генералниот секретар Рашковски вели дека се доставени 50 илјади приговори од граѓани, од кои дел се со прашања, а дел се конкретни приговори од граѓани кои не се нашле на листата,а сметаат дека ги исполнуваат условите. Откако иснституциите ќе проверат и на овие лица ќе им пристигне одговор дали им следува помош од државата.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ