Плановите за реорганизација на Фени веќе во фаза на подготовка

Плановите за реорганизирање на Фени веќе се во фаза на подготовка. Откако вчера доверителите одлучија наместо ликвидација, да поддржат иницијатива за подготовка на два плана, од стечајниот управник и од банките доверители, со кои ќе се стави фабриката во целосен погон,вработените и големиот број помали фирми доверители се во исчекување што  ќе содржи тој план и дали на крајот тој ќе биде успешен.

Од банките објаснуваат дека планот треба да  има два дела, првиот ќе с еоднесува за историјатот на Фени односно како комбинатот дошол до стечај а вториот дел покрај претставување на санаторот, ќе содржи детали за тоа како ќе се подмируваат долговите кон доверителите, во проценти секоја година, како ќе се зголемува производството од година во година, очекуван приход, колку вработени ќе работат годишно и изразување на просечна плата по секоја година без платите на менаџментот.

Владата е задоволна од досегашниот исход со стечајната постапка на Фени. Уверуваат дека додека не се усвои планот, работните емста и платите се загарантирани. Дали ќе бидат обештетенби сите доверители во целост сепак ќе покаже планот.

  • Додека не заврши планот, сите ќе одат на работа со полна плата, со работа на Фени ќе се помага на државата, ќе се плаќаат даноци, ќе учествува во БДП. Дали ќе се обештетат доверителите? Тоа ќе го каже планот, не знам што ќе содржи но е на пат, тие во најдобар дел да бидат обешететени, рече  вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Според познавачите на слични стечајни процедури, за еден план за реорганизација се вели дека е успешен тогаш кога и последниот доверител ќе биде исплатен, вработените ќе останат на рбаота а производството продолжува без можност за повторно отворање стечај или ликвидација на фирмата.

Плановите треба да бидат готови за најдоцна 45 дена по што за нив ќе се произнесе собранието на доверители. Стечајниот управник Мирослав Атанасиевски е уверен дека Фени може да продолжи успешно д аработи иако  финансиските извештаи од 2012 до 2017 година покажуваат негативен тренд, дека се друштвото било неликвидно, со континуиран пад на приходите заради што Фени требало да банкротира уште во 2014.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ