Пламента стихија околу Велес остави пустош

По големиот пожар што вчера ја зафати шумата околу Велес , почнувајќи од автопатот па се до Отовица денеска е останато само пепел. Се уште може да се забележат пожарникари и останати екипи  на терен кои се тука во случај топлото време и ветро да не разгорат по некое останото жарче од вчерашната пламента стихија. 

Велешани загрижени, оние кои што биле близу пламените јазици стравуваат дека штетата е неповратна. Миланчо Миланов ,еден од оние кои пред 50 години учествувал во пошумувње на ридот вели дека ќе требаат години, а може и децении за да се надомести оваа штета. 

На само 200 метри , каде што го сретнавме Миланчо  се наоѓа угостителскиот објект – бродот Панини. Сопстевеникот вознемирен , ни раскажа дека за време на несреќата во хотелот имало повеќе од 120 луѓе , гости и вработените. И за да ситуацијата биде полоша, во моментот кога огнот се ширел и никој не знае што ќе се случи понатаму, снемало струја. Долго време поради силниот ветер кој носел прашина и жарчиња, не можеле да излезат надвор.

Оштетена е кровната конструкција  , од млазовите вода со кои вчера хеликоптерите гаснеа , а штета претрпеле  и тендите и платното.  Бидејќи уште нема струја , уклучен е голем агргат непосредно пред мостот од кој вчера на социјалните мрежи беа објавени првите снимки од пожарот.

Според информациите од првиот човек на Велес, Ацо Коцевски проценките се дека има опожарени повеќе од 200 хектари шуми.  Градоначаникот вели дека кога се’ ќе се стави под контрола општината ќе започне со чистење на изгорените дрва и ќе го подготви терернот за есенско пошумување.

Во целата акција на гасење на пожарот ,  екипата на црвен крст веќе втор ден е на терен за да им обезбеди храна и вода на пожарникарите.

МВР денес информира дека во врска со вчерашниот пожар во велешко приведени се четири лица кои кажале дека при изведување на градежни работи запалиле сува трева, по што се обиделе да го изгаснат пожарот, но не успеале и ја известиле противпожарната единица од Велес. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ