Пикник на бетонски плочки на градскиот плоштад во Тетово

Симболично со скара, грицки, пијалак, невладини организации организираа пикник на градскиот плоштад. Дел од плоштадот го покрија со зелен теписон, симболизираќи го зеленилото кое недостасува во градот, а поставија и неколку дрвја, изработени од смет насобран од јавните површини.

Целта е велат да се потсетат градските власти на нивното неодговорно однесување кон зелените јавни површини, на чие место постојано никнуваат висококатници, велат учесниците на како што го нарекоа пикникот на подземјето.

На пикникот имаше и членови на странски невладини организации. Велат дека градот е неконтролирано и урбано силуван, и при секое нивно доаѓање во Тетово, забележуваат дека недостасува по некоја зелена површина која е претворена во огромно градилиште.

Во Јануари годинава Собранието го донесе законот за урбано зеленило, кое предвидува 25 метри квадратни зелена површина на еден жител, и најмалку 20 % зеленило на секоја градежна парцела. Во веќе изградени блокови се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади.

Но, во пракса инвеститорите пред објектите не оставаат простор за зеленило, ниту пак се разеленуваат претходно изградените станбени објекти.

Колку за пример, во Тетово има само два парка со површина од околу два градски стадиони, останатата површина е со бетон и асфалт.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ