Петти јули е недоговорениот термин за избори

Петти јули е недоговорениот термин за избори. ВМРО ДПМНЕ не потврдува дали тоа е последниот предлог на владеачките партии и колку е прифатлив за опозициските, но потврдува дека има меѓупартиски контакти во прилог на изнаоѓањето компромисно решение и инсистира на консензус.

Од ДУИ велат дека најоптимален термин за избори е петти јули. Во никој случај, во екот на летото во втората половина на јули или август. СДСМ уверува дека есента треба да ја дочекаме со функционални институции: со ново Собрание и политичка а не техничка Влада.

Премиерот Спасовски не отстапува од Уредбата за избори. Потсетува и на Уставот – изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето на Собранието, а 38 дена од тој рок поминаа пред вонредната состојба.

Вонредната состојба завршува в сабота. Доколку Владата побара, а претседателот Пендаровски ја продолжи за уште 14 дена, се доаѓа до терминот 5-ти јули. За тоа, сепак е потребен политички консензус, нова Владина Уредба и измена на решението на спикерот Талат Џафери. Од кабинетот на Пендаровски велат дека лидерска средба ќе биде закажана само ако има меѓупартиски договор.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ