Петнаесетмина повредени во карамбол од седум возила кај Радовиш

Петнаесетина лица се повредени синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на патот Струмица-Радовиш.

Несреќата се случила околу 19 часот и во неа учествувале седум возила – шест автомобили и еден камион.

Настанот го потврдија и од СВР Струмица, од каде информираа дека имало повеќе повредени, но само двајца се пренесени во струмичката болница.

Според доктор Гошко Гошев, началник на Хируршкото одделение при болницата, кај нив биле донесени двајца патници.

Едниот е задржан на натамошно испитување и следење на неговата здравствена состојба, а вториот по укажаната помош е пуштен дома.

Од струмичката полиција повеќе детаљи за несреќата најавуваат за подоцна.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ