Петнаесетина кандидати за седум места во обвинителствата

Ќе останат ли истите обвинители што гонат организиран криминал или ќе има измени? Освен актуелните 7 обвинители чии мандати истекуваат, на огласот се јавиле уште најмалку толку, претежно од скопското обвинителство, дознава Телма. Сега 15 кандидати се борат 7 позиции во обвинителството за организиран криминал кое води повеќе познати случаи меѓу кои и истрагата за „Крвавиот четврток“, поткупот за премиерот Заев кој наскоро ќе почне од почеток со нов судија и предметот „Монстум“ кој во февруари се враќа на почеток со нов судија.

Од Советот на јавни обвинители не прецизираат датум само потврдуваат дека наскоро ќе закажат седница за избор, но во меѓувреме на дел од обвинителите веќе ќе им истече мандатот и нивното евентуално постапување пред судовите ќе може да биде оспорено од спротивната страна.

На некоја од наредните седници од Советот на јавните обвинители планираат да распишат и оглас за шеф на обвинителството за организиран криминал и скопското основно обвинителство каде неодамна поставија вршители на должност, но и огласи за уште 15-тина раководни позиции на обвинителствата низ државата, кои или се веќе испразнети или ќе бидат наскоро.

Ова ке биде трет оглас за наследници на Гордана Гешковска и Јован Илиевски и за обвинители, со оглед на тоа што претходните два пропаѓаа по истек од над 6 месеци од огласот. Целиот процес како нетранспрентен неодамна го окарактеризира обвинителката Лидија Раичевиќ, позната по предметот „Ровер“ против Љубе Бошкоски и еден од кандидатите за државен обивнител и шеф во организиран криминал.

Еден од проблемите со кои се соочува Советот е кворум за работа, поради тоа што подолго време има 3 испразнети места.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ