Петмина приведени од обвинетите за настаните од 27 април

Пет лица обвинети за насилствата во Собранието ноќеска повторно се приведени и пренесени во истражниот затвор Скопје, по налог на Кривичниот суд.

Како што дознава Телма 30 дневен притвор им е одреден на приведените Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, Горан Ѓошевски, од парламентарното обезбедување, потоа Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР, како и Мумир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.

Од прес службата на обвинителсвото за Телма велат дека со поднесувањето на обвинителниот акт ова е нова постапка и е побарано притвот за вкупно 16-мина, за 12 куќен притвор и за двајца гаранција во имот. Телма дознава дека тие двајца се Игор Дурловски и Јохан Трчуловски.

Обвинителството барало притвор и за пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски, како и началник на Одделот за специјални единици во МВР Митко Пешов. Тие се наоѓаат по домашен притвор откако Врховен им ги ублажи казните.

Приведување следуваше откако вчера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека до Кривичниот суд е поднесен обвинителен акт против 30 лица. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници, реагираат уторово од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозицијата крајно нечовечки, на голем дел од неосновано притворените за 27-ми април, завчера им беше преиначена мерката од ефективен во куќен притвор, а веќе вчера, партискиот суд и обвинителство на Зоран Заев, одлучија повторно да ги приведуваат пред очите на нивните семејства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ