Петкратното убиство низ пратенички прашања

Петкратното убиство кај Смилковското езеро стана дел од пратеничките прашања. ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот Заев дека манипулира со чувствата на родителите на убиените момчиња, а тој посочи дека има потреба од дополнителна истрага. Зоран Илиоски го запраша дали навистина поседува докази со кои ќе се расветли убиството или се работи за разговори поврзани со земјоделски субвенции.

Немам право да објавувам вакви податоци, но имам право да му покажам на родител што изгубил дете, возврати Заев и повтори дека се е испратено во СЈО, вклучувајќи ги и дополнителните докази што треба да се истражат.

Опозициската партија побара објаснување за притворањето пратеници поради случувањата од 27-ми април, со оглед на извештаите на Народниот правобранител и на Стејт департмент.

Овде не станува збор за притвор туку за приведување, одговори министерот Спасовски и образложи дека сите наредби се издадени од судија на претходна постапка. При приведувањето, МВР водело сметка и за Правилникот кој наложува да се води сметка за малолетни лица, инвалиди и бремени жени.

Спасовски објаснува дека полицијата воопшто не отстапила од законските и подзаконските прописи.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ