
Петиција за повлекување на законот за пазари
Во тетратките поставени на сите влезови од Зелениот пазар во Скопје само за неколку часа се потпишаа повеќе од 1000 пазарџии и граѓани. Преку денеска отворената петиција пазарџиите бараат поддршка од сите за законот за трговија на зелените пазари да не се одлага туку целосно да се укине.
- Целта ни е да им покажеме дека тезгаџиите не се маргинализирани, дека опшстеството ќе има слух за нив. Апел до политичарите да се обединат, да го земат предвид нашето барање за укинување на законот, Маја Стојановска, закупец на тезга.
Пазарџиите од зеленото пазарче поддршка денеска добија и од граѓаните кои секојдневно пазарат тука.тетратките ќе бидат отворени и во наредните три дена.
Пратениците од владеачкото мнозинство најавија дека во понеделник на пленарна седница по брза постапка ќе гласаат законот за пазари да се одложи на една година односно до 1 Јануари 2020 а опозицијата најави предлог закон за негово укинување. Отворена е и моќноста за одржување на јавна дебата на која ќе учествуваат сите заинтересирани страни.
По протестот на пазарџиите и силните реакции во јавноста, пратениците признаа дека направиле грешка и донеле закон неспроведлив на терен. Новиот закон ги обврзува закупците на тезгите да плаќаат годишна лиценца за работа од 60 евра, а пензионерите и вработените немаат право да продаваат на пазарите.
Виолета З Стојановска