
Петерсен: Не нé интересираат резултатите од референдумот туку процесот
Не нé интересираат резултатите од референдумот туку почитувањето на демократските принципи. Со овие зборови амбасадорот Јан Петерсен, ја објасни мисијата на ОБСЕ во Скопје за претстојниот референдумски процес. Тим на ОБСЕ/ОДИХР од 13 експерти веќе пристигна во Скопје кои на денот на гласањето.
„Нашата улога е да го набљудуваме референдумскиот процес, да известуваме и да не се мешаме во процесот. Ние ќе го набљудуваме референдумот и ќе ги оцениме заложбите на земјата од 1990 година со Копенхашкиот документ на ОБСЕ како и сите меѓународни стандарди и обврски. Ние не сме заинтересирани за резултатите на референдумот, туку интегритетот на процесот“ изјави Петерсен.
Околу 270 набљудувачи на денот на гласањето на референдумот ќе следат дали македонските граѓани во демократска атмосфера го исполнуваат своето право на изјаснување
ОБСЕ ќе изработи извештај за начинот на кој се води кампањата и процесите пред самото гласање на референдумот. Потоа ќе го формира и конечниот извештај со препораки за Македонија за спроведениот референдум. Мисијата на ОБСЕ набљудувачи испраќа по покана на првиот македонски дипломат Никола Димитров.
Христијан Станоевиќ