Пет жртви во пожар во Тетово

38 годишната Фатиме Зулбеари и нејзините четири деца на возраст од 4 до 14 година, загинаа во големиот пожар кој утринава околу 3 часот изби во нивниот дом во тетовската населба Певчина.

Загинатите кога избувнал пожарот спиеле на горниот кат од оваа куќа. Покривната конструкција целосно изгорела и паднала на телата на сега веќе починатите. Таткото на децата за време на трагедијата бил на работа. На долниот кат од куќата спиеле свекорот и свекрвата на загината Зулбеари. Тие не се повредени.

Од пламените јазици биле зафтени и уште три соседни објекти каде е предизвикана материјална штета, но повредени и загинати нема. Соседите раскажуваат дека пожарот ги рабудил околу 3  часот и 30 минути. Велат дека се се случило за миг. Пожарот ја проголтал старата и дотраена куќа за многу кратко време.

Дел од жители од населбата Певчина велат дека по тесните улици во нивното мало противпожарните возила едвај пристигнале на лице место. На одредени места од сокаците имало и паркирани возила, оневозможувајќи го брзиот приод на пожарникарската екипа до опожарената куќа.

Од Тетовската територијална противпожарна единица, потврдуваат дека имале проблеми со приодот до опожарената куќа, но успеале навреме да го локализираат пожарот кој можел да се прошири и во останатие куќи од збиен тип.

Надлежните ги истражуваа околностите до кои дошло до избувнувањето на пожарот.

Јавен обвинител има повикано тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН, кои треба да помогнат во утврдување на причините. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела.

Семејството Зулбеари и пред пет години го снајде трагедија. Во сообраќајка на Автопатот Тетово – Скопје загина нивниот 5 годишен син.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ