Пет региони во државата се зафатени со пожари

Во голем дел од државата има активни шумски пожари, информираат за Телма од Центарот за управувње со кризи.

Се уште гори на Шар Планина, во прилепскиот, кичевскиот, велешкиот регион, и на планината Кожув, велат од ЦУК.

Пожарот кој се избувна вчера во мавровскиот регион, поточно над селата Кракорница и Бродец е локализиран, исто како и пожарот во ски центарот.

Но во мавровскиот регион активен е пожарот кај местото викано Железна река, каде се наоѓа и манастирот Свети Никола, кој засега, како што велат надлежните, не е во опасност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ