Пет од вкупно 11 обвинети за бесправни градби во Карпош признале вина- добија условни затворски казни

Пет од вкупно 11 обвинети лица во случајот со бесправни градби и приватизација на државно земјиште и објекти во скопската општиуна Карпош, спогодбено признале вина и се осудени на условни затворски казни, соопштија од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Во овој слуучај обвинет е поранешниот градоначалник на Карпош, Стефчо Јакимовски, осум административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во една фирма.

На едно лице му е изречена условна казна затвор од две години, која во нема да се изврши доколку во следните три години не го повтори делото.

Четворица административни службеници во општина Карпош  признале вина и се спогодиле на условна казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку во рок од две години не сторат ново кривично дело и парична казна како споредна казна во висина од 500 евра во денарска противвредност.

Судијата на претходна постапка ги прифатил  спогодби, ги изрекол пресудите, а мерките за претпљазливост кон осомничените ќе бидат укинати по пресудите

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ