Пет лица уапсени поради пронајден пиштол во Карпош

Пет лица се уапсени откако во паркиран автомобил во трговски центар во Карпош било пронајдено огнено оружје. Според МВР, вчера околу 16 часот полицијата извршила преглед на три автомобили „марцедес“, „ланчиа делта“ и „голф“, во кои биле затекнати пет лица, и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36.), Ф.Л.(26.) Е.И. (24) и Н.И. (22).

Во еден од автомобилите е пронајден пиштол марка ТТ калибар 7,62 милиметри. Лицата се приведени во полициската станица во Карпош. Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ