Пет лица меѓу кои и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи одат во самоизолација

Пет лица меѓу кои и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска одат во самоизолација во домашни услови во рок од 14 дена, а останатите 62 анкетирани лица се враќаат на работно место со почитување на мерките, откако вчера беше утврдено дека двајца вработени во бифето на првата зграда во кругот на МВР се позитивни на коронавирус.  Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден од страна на епидемиолошкиот тим од Институтот за јавно здравје, а  врз основа на доставен список на сите вработени кои имале контакт со двајцата вработени, направена им е епидемиолошка анкета на  67 лица, а воедно е направена и  дезинфекција на сите работни простории во зградата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ