Пеплосаната шума кај велешкото езеро опомена за институциите

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба да се спроведе истражна постапка против градежната компанија што ги ангажирала осомничените за пожарот кај езерото Младост. Основниот суд во Велес достави предлог за определуање мерка притвор за одговорното лице и за работникот кој работел со апарат за брусење, за другите двајца осомничени предложени се мерки на претпазливост.

Денеска во Велес, е мирно, со туристи. Но, еден од  граѓаните кои учествувал во гаснењето на пожарот вели дека гледката била страотна и дека штетата е голема.

Во посета на изгорената борова шума денеска беа и премиерот Заев  и градоначалниците на Скопје и на Велес како и припадници на противпожарната бригада , армијата и волонтерите на цврвениот крст. Премиерот порача дека поради големите последици важно е да се извлечат и поуки.

Пожарот кој пред два дена избувна кај Отовица, зафати над 200 хекатри борова шума. Надлежните власта планираат во најбрз можен рок да почнат со сечење на изгорение дрва за да може да се започне со пошумување.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ